Најчести прашања

Може ли да имам повеќе профили на Daedalus Online?

Секој има право да се зачлени во Daedalus Online заедницата сo една единствена e-mail адреса.

Во случај да се открие дека некоја личност има повеќе профили, Daedalus New Media Research има право да ги деактивира сите профили на оваа личност, без претходни најави.

Како можам да ги добијам парите за поените кои ги имам собрано од анкетите?

За да ги претворите поените во пари, во моментот кога ќе имате најмалку 1000 поени, потребно е да побарате исплата од Вашиот профил (да кликнете на “барање за исплата/request payment”).

За да можеме да Ви го испратиме ваучерот, потребни ни се следниве Ваши информации:

  • Презиме
  • Име
  • ЕМДБ
  • Жиро сметка (во домашна валута)
  • Банка
  • Филијала
  • Градот во кој се наоѓа банката
За да се реализира плаќањето, горенаведените податоци треба да се пополнат директно во Вашиот Daedalus Online профил. Плаќањето ќе биде во домашна валута. 

Зошто мора да го дадам својот ЕМДБ за да примам пари?

ЕМДБ е потребен за да се регистрира плаќањето кон Вас и плаќањето на даноците. Данокот е платен од страна на нашата компанија.

Неопходно ли е да побарам исплата кога ќе постигнам 1000 поени?

Можете да ги трансформирате поените во пари кога ке имате собрано 1000 поени.

Но можете и да почекате да соберете повеќе поени и да побарате исплата кога Вие ќе посакате.

За колку време после трансформацијата на поените во пари, се врши исплатата?

Плаќањата се вршат на почетокот на секој месец за оние кои претходниот месец побарале трансформација на поените во пари.

Недостатокот или неточноста на информациите потребни за банкарскиот трансфер ќе доведе до автоматско одложување на исплатата за следниот месец, само доколку овие податоци бидат дополнети или поправени.

Во моментот кога парите ке бидат префрлени на смета, ќе бидете известени преку e-mail.

Што да направам доколку го заборавам корисничкото име?

Најчесто корисничкото име е исто со e-mail адресата.

Во случаевите кога не е така, Ве молиме да ни пишете на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Зошто повеќе не примам покани за учество во анкети?

Покани за учество во анкети се праќаат на оние кои исполнуваат одредени критериуми кои се бараат од страна на клиентот. Не можеме да гарантираме одреден број на покани за одреден временски период.

Друга причина поради која добивате мал број на покани е недостаток на Ваши информации.

Ве молиме правилно да ги пополните Вашите податоци кои се потребни за зачленување и да не известите кога ќе ги промените податоците.

Што да направам доколку ја заборавам лозинката?

 

Можете да ја обновите лозинката, следејќи ги следниве чекори:

 

  1. Влезете на следниов линк: http://daedalusonline.eu
  2. Кликнете на текстот обнови лозинка
  3. Внесете ја Вашата e-mail адреса
  4. Ќе примите e-mail со друг линк
  5. Кликнете на примениот линк
  6. Внесете ја новата лозинка