Правила

Во согласност со законот за заштита на личните податоци, Daedalus New Media Research се обврзува да управува со Вашите лични податоци и да ги користи само за определени цели, запазувајки ги при тоа условите за сигурност. Вашите лични податоци или податоците на било кој член на Вашето семејство се заштитени. Овие податоци се собираат за статистички цели.

Не сте обврзани да давате податоци, тие се потребни за статистички анализи. Доколку одбиете да ги дадете своите лични податоци, нема повеќе да добивате покани за учество во онлајн анкети за на истражување на пазарот.

Добиените информации се наменети за употреба само од страна на операторот и ке бидат проследени само на: клиентите кои го нарачале интернет истражувањето (НО БЕЗ ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО АНКЕТИТЕ – клиентот има право само на резултати во статистичка смисла).

Имате право на пристап, на измена на податоци, право да не бидете предмет па поединечни одлуки и право да барате правда. Исто така имате право на приговор на обработката на личните податоци за Вас како и да побарате податоците да бидат избришани. За да ги остварите овие права пратете e-mail на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

Доколку некои од Вашите податоци не се точни, Ве молиме што побрзо да не информирате.

Влез во панелот

Секој може да се придружи на Daedalus Online заедницата. Меѓутоа, ние го задржуваме правото, без објаснување да го одбиеме членството на некои поединци.

Личност која работи во Daedalus New Media Research, во никој случај не може да стане член на оваа заедница.

Регистрација и лични податоци

За да ги достави статистичките анализи до своите клиенти, Daedalus New Media Research има потреба од одредени Ваши лични податоци, но и од одредени доверливи информации како на пример приходот. Давањето на овие информации е услов за да влезете во панелот.

Daedalus New Media Research не собира податоци од личности помлади од 14 години, без дозвола од родителот или законскиот старател.

Доколку сте родител или законски старател и откриете дека дете помладо од 14 години ги дало своите лични податоци без Ваша дозвола или согласност, истите ќе бидат избришани на Ваше барање.За да побарате бришење на податоците на Вашето дете, Ве молиме испратете ни e-mail со корисничко име и/или e-mail адресата која ја користело Вашето дете на следнава адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

Излез од панелот 

Луѓето кои се членови на Daedalus Online заедницата во било кој момент може да го напуштат овој панел. Кратко после ова, податоците за оваа личност ќе бидат избришани од базата на податоци, и таа повеќе нема да биде контактирана.

Доколку некој член не одговори на анкета повеке од 12 месеци, ќе биде прогласен за неактивен. Daedalus New Media Research го задржува правото да ги избрише сите неактивни членови.

За да го гарантира квалитетот на статистичките анализи доставени до клиентите, Daedalus New Media Research редовно ги менува членовите на заедницата. Daedalus New Media Research има право да избрише некој член од базата на податоци без претходно предупредување или оправдување за својата одлука.

Како функционира заедницата?

Сите членови на Daedalus Online заедницата прифаќаат да примаат покани на нивниот e-mail и да одговараат на анкети. Учеството во анкети не е обврска. Прашалниците се пополнуваат само еднаш.

 Една личност не може да има два или повеќе профила. Daedalus New Media Research го задржува правото да ги деактивира профилите на членовите кои го прекршиле ова правило.

Прашањата поврзани со анкетите можете да ги пратите на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

Daedalus New Media Reseach превзема мерки за заштита на податоците. Меѓутоа, доколку се појави вирус во e-mail-от испратен до испитаниците, Daedalus New Media Research не е одговорен на било кој начин, а испитаниците не може да бараат материјална или друг вид на оштета.

Daedalus New Media Research не може да гарантира минимален или максимален број на покани за анкети на секој член во рок од една година.

Кога доволен број на испитаници, од статистичка гледна точка, ќе одговорат на една анкета, Daedalus New Media Research или клиентот има право во било кој момент да го прекине проектот и да го одбие секој одговор на анкетата.

Регистрација на одговорите од анкетите

Покрај личните податоци на испитаниците, Daedalus New Media Research собира и други информации или одговори на анкети. Овие информации се днесуваат на приватни рабти, политички погледи итн.

Членовите на Daedalus Online заедницата се согласни Daedalus New Media Research да ги собира сите информации кои ќе се користат за статистички цели.

Секој има право да бара од компанијата Daedalus New Media Research информации поврзани за податоците собрани за него/неа. Исто така може да бара поправка на тие податоци.

Пренос на податоци на трети лица

Членовите на Daedalus Online заедницата се согласуваат Daedalus New Media Research да ги дава информациите и одговорите на анкетите на други фирми за истражување на пазарот. Овие фирми може да ги искористат информациите само во статистичка смисла, без да објавуваат било какви приватни информации за учесниците во анкетите.

Услови за учество

Daedalus New Media Research го задржува правото да ги менува правилата за функционирање на панелот. Сите членови ќе бидат известени за ова.

Конверзија и наградни поени

Во моментот кога еден испитаник ќе собере најмалку 1000 поени, може да ги претвори во пари. 100 поени изнесуваат едно евро. Исплатата се врши во домашна валута, по официјалниот девизен курс на денот на уплатата.

Daedalus New Media Research го задржува правото да не додели поени на некој член или истите да ги повлече, доколку се открие дека таа личност давала лажни одговори на анкетите, одговарала на местото на друга личност или не ги почитувала правилата за учество.

Овој сајт користи cookies и дигитални отпечатоци. Со Вашето прифаќање да станете дел од Daedalus Online заедницата се согласувате на користење на cookies и дигиталниот отпечаток.

Приватност

Информациите добиени од анкетите се доверливи. Целта на онлајн анкетите е да се соберат статистички информации за групите, а не за поединците. Информациите добиени на индивидуално ниво на ниеден начин нема да бидат достапни за јавноста. Daedalus New Media Research може повремено да обезбеди информации собрани од страна на други фирми за истажување на пазарот, кои исто така ги користат инфрмациите за статистички цели придржувајќи се до истите правила за приватност.

Доброволно учество

 

Учеството во студиите е доброволно. Членството во Daedalus Online заедницата е врз основа на Вашата директна согласност. Слободно можете да се повлочете во било кој момент и да побарате целосно или делумно бришење на информациите.

Со зачленувањето во Daedalus Online заедницата, се согласувате да примате покани за учество во нашите анкети на Вашата e-mail адреса.

 

Зошто ги бараме Вашите лични информации  

За да станете член на нашата заедница , ќе мора да пополните една мала анкета. Со ова ние собираме лични информации заедно со други релевантни информации за наредните истражувања. Ја бараме Вашата e-mail адреса за да Ви праќаме покани за учество во анкетите. Информациите кои ги бараме, како што се име, адреса, пол, дата на раѓање, ни помагаат да одредиме за кои анкети ќе добиете покана.

Повлекување од заедницата

Доколу сакате да се повлечете од Daedalus Online заедницата, пратете e-mail на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со насловl “ОДЈАВА”.

Ве молиме да почекате 5 работни дена за целосно бришење на Вашите информации од нашата база на податоци.

Сигурност на податоците

Daedalus New Media Research ги превзема сите мерки за информациите добиени од страна на своите членови да бидат чувани во сигурен сервер кој е заштитен со лозинка. Само овластени лица имаат пристап до овие информации. Пристапот до овие информации е ограничен на неколку вработени во Daedalus New Media Research.

Правно известување

Можно е изнесување на личните податоци тогаш кога законот го бара тоа.

Учество на деца во студиите 

Daedalus New Media Research не собира податоци од лица помлади од 14 години без дозвола од родителите или законскиот старател.

Доколку сте родител или законски старател кој открил дека дете или деца помлади од 14 години ги поднеле своите лични податоци без Ваша дозвола или согласност, истите тие ќе бидат избришани на Ваше барање. За да побарате бришење на податоците на Вашето дете, Ве молиме да пратите e-mail на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со корисничкото име и/или e-mail адресата која ја користело Вашето дете.